Две лица биле приведени вчера и ноќва во Куманово под сомнение дека сториле две одделни кражби, информира полицијата.
– На 09.01.2026 во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(30) од село Романовце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој е затекнат во куќа во село Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да одземе предмети.
Во вториот случај приведен бил 32-годишник под сомнение дека украл предмети од деловен прсотор во центарот на градот.
– На 08.01.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода У.З. (32) од Куманово, велат од кумановската полиција.
Како што стои во соопштението, тој се сомничи дека на 01.01.2026 со употреба на сила влегол во деловен простор на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово и одзел предмети.
– Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави, додаваат од полицијата.
Никола Ивановски

