Три лица викендов биле приведени во Куманово откако полицијата констатирала дека управувале возило под дејство на алкохол.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, 37-годишен кумановец бил приведен откако било констатирано дека возел со 1,63 промили алкохол.
– На 03.01.2026 во 23:53 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(37) од Куманово. При сообраќајна контрола на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,63 промили алкохол во крвта, велат од Секторот за внатрешни работи.
Со 1,66 промили алкохол бил приведен и четириесет и едногодишен жител на кривопаланечко.
– На 04.01.2026 во 01:44 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.И.(41) од с.Градец, кривопаланечко. При сообраќајна контрола на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово е сопрено патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта, велат од полицијата.
Рекордерот од викендов е 39-годишник од кумановско Орашац, кој возел со дури 2,29 промили алкохол во крвта.
– На 04.01.2026 во 01:06 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(39) од с.Орашац, кумановско. При сообраќајна контрола на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово е сопрено патничко возило „бмв“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,29 промили алкохол во крвта, информираат од кумановската полиција.
Како што стои во соопштението, по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Никола Ивановски

