Три лица биле приведени вчеравечер во Куманово бидејќи едниот возел пијан, а останатите не дозволувале полицијата да го приведе.
– На 30.12.2025 во 23:30 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Т.Д.(57) и Ф.Д.(60), двајцата од Штип и О.С.(39) од Струга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,04 промили алкохол во крвта.
– При обид да го лишат од слобода, неговите сопатници О.С.(39) од Струга и Ф.Д.(60) од Штип, агресивно се однесувале и ги попречувале полициски службеници, по што и тие се лишени од слобода, велат од кумановската полиција.
Според соопштението, по целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, додека против неговите сопатници, ќе бид поднесена пријава по член 382 и член 9 од Кривичниот законик.
Никола Ивановски

