Триесет и двегодишна кумановка пријавила вчера во полиција дека била физички нападната од нејзиниот сосед.
– На 29.12.2025 во 15:13 часот во СВР Куманово, И.И.(32) од кумановско село пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Д.В.(74), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

