Зеленски откри што побарал од Трамп во врска со безбедносните гаранции

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека нацрт-рамката за мир за завршување на војната на Русија против Украина предвидува безбедносни гаранции од САД за Украина во траење од 15 години.

Тој, обраќајќи се на новинарите во преписка на мрежата WhatsApp, додаде дека, сепак, побарал од американскиот претседател Доналд Трамп безбедносни гаранции во траење до 50 години, пренесува Ројтерс.

Нацрт-рамката за мир за завршување на војната предвидува безбедносни гаранции од САД за Украина во траење од 15 години, но Зеленски смета дека овој период не е доволно долг.

Според него, директна средба со Русија е можна откако Трамп и европските лидери ќе се согласат за предложените документи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп рече дека Русија сака Украина да успее. Ова беше реакцијата на Зеленски (ВИДЕО)

Украинскиот претседател, исто така, изјави дека Трамп го информирал дека имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за планот од 20 точки.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата одржа средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговиот имот Мар а Лаго во Флорида.

Трамп рече дека е постигнат голем напредок, дека околу 95 проценти од мировниот план за завршување на војната со Русија се договорени и дека конфликтот би можел да заврши „за неколку недели“.