Неверојатни сцени од Европа: Куќи и автомобили исчезнаа под снегот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Снежната бура за божиќните празници целосно го парализираше подрачјето на Поморските Алпи во италијанската покраина Пиемонт.

На социјалните мрежи беа објавени бројни слики од згради целосно покриени со снег, чии наноси беа повисоки од еден метар.

 

 

Автомобилите што беа паркирани пред куќите беа буквално закопани, така што мештаните не можеа да ги препознаат без да копаат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кинеската армија започна воена вежба околу Тајван

Според локалните медиуми, многу жители копале тунели до своите домови.

 

 

Врнежите особено го погодија зимскиот центар Прато Невосо, кој се наоѓа на 1.480 метри надморска височина, кој буквално исчезна под снегот во последните денови.

Обилните снежни врнежи траеја континуирано повеќе од 48 часа. Патиштата околу Прато Невос се уште се блокирани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија (ВИДЕО)

Опасноста од лавини е подигната на највисоко ниво, а работниците за одржување на скијачките патеки имаат полни раце работа.