Воз излета од шини во Мексико, најмалку 13 мртви (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 90 се повредени откако воз излета од шините во мексиканската држава Оахака.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изјави дека повеќе од 90 лица се повредени, од кои некои се уште се во критична состојба. Покрената е истрага.

Трансокеанскиот воз превезувал 250 патници кога излетал од шините во близина на градот Низанда, соопшти мексиканската морнарица, која ја надгледува железницата.

Претседателката Шајнбаум изјави на социјалната мрежа X дека петмина од повредените се во критична состојба.

Таа додаде дека на местото на несреќата се испратени високи функционери за да им помогнат на семејствата на жртвите и дека истрагата е во тек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија (ВИДЕО)

Гувернерот на федералната држава Оахака, Саломон Хара Круз, им упати сочувство на семејствата кои ги загубија своите најблиски во несреќата, пренесува DW.