Кумановец нападнал сограѓанин на магистралата Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички нападнал и се заканувал на сограѓанин на патот Куманово – Свети Николе.

– На 26.12.2025 во 23:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(40) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19:15 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе физички го нападнал Д.В.(24) од Куманово и му упатувал закани со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно докуемнтирање на слуачјот, против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дружење со Дедо Мраз и концерт на локални артисти денеска во Куманово

Никола Ивановски