74 точки на последната седница на Советот на Општина Куманово, меѓу нив и Буџетот

Сподели со своите пријатели

Дури 74 точки ќе се најдат за разгледување и одлучување пред членовите на Советот на Општина Куманово на четвртата седница која ќе се одржи во понеделник од 10 часот.

На дневен ред меѓу другото ќе се најде и главната точка, а тоа е одлука за Буџетот на Општина Куманово за 2026 година. Тука ќе бидат и извештаи од јавните претпријатија, програми за следната година, одлуки за субвенции итн.

Целиот дневен ред може да го прочитате во продолжение:

1. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“-Куманово од 01.07.2025 год.-30.09.2025 година;

2. Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2026 година

3. Предлог – Одлука за давање согласност на барањето на ЈП „Водовод“ – Куманово за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници преку агенција за привремени вработувања во 2026 година;

4. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2025;

5. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Април – Јуни 2025;

6. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2025;

7. Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2026 година;

8. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2026 година;

9. Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на општина Куманово во 2026 година;

10. Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2026 година – зимско одржување;

11. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на јавни службеници за 2026 година;

12. Предлог – Одлука за давање согласност на Барањето на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за ангажирање на 31 (триесет и еден) работници преку агенција за привремени вработувања во 2026 година;

13. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2025 година;

14. Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2026 година;

15. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

16. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

17. Предлог – Одлука за давање согласност на барањето на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за ангажирање на 5 (пет) извршители преку агенција за привремени вработувања за период од 01.01.2026 до 31.12.2026 година;

18. Финансиски извештај за работа на ЈП „Куманово Паркинг“ – Куманово за период Јули – Септември 2025 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со над 2 промили удрл во возило во центарот на Куманово

19. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2026 година;

20. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со попреченост за 2026 година;

21. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за ангажирање на 30 (триесет) работници во 2026 година преку приватна агенција за вработување;

22. Работна програма за 2026 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

23. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „ Куманово – гас “ – Куманово за ангажирање на 7(седум) работници во 2026 година преку агенција за привремени вработувања;

24. Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2026 година;

25. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за давање согласност на Барањето на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за ангажирање на 3 (тројца) работници по пат на отстапување преку Агенција за привремени вработувања за период до 1 (една) година;

26. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2026 година;

27. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „1“, дел од УБ 23-б, плански опфат помеѓу граница на УЕ, регионален пат Р1204, ул. „3-та МУБ“, граница на наменска зона по ГУП – Општина Куманово;

28. Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2026 година;

29. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово;

30. Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2026 година;

31. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2026 година;

32. Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2026 година;

33. Предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2026 година;

34. Предлог – Одлука за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;

35. Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2026 година;

36. Предлог – Програма за субвенционирање на здруженија на граѓани и фондации од Општина Куманово за бесплатен посебен превоз за 2026 година;

37. Предлог – Одлука за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прогноза за Куманово: Што ни носи последниот викенд годинава?

38. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2026 година;

39. Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2026 година;

40. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2026 година;

41. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2026 година;

42. Предлог – Одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2026 година

43. Предлог – Одлука за утврдување на право на користење на еднократна парична помош за 2026 година;

44. Предлог – Програма за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2026 година;

45. Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2025 година;

46. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2026 година;

47. Годишна програма на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2026 година

48. Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2026 година;

49. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основно образование за 2026 година;

50. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за средно образование за 2026 година;

51. Предлог-Одлука за отстапување на одземени предмети со правосилна одлука – сопственост на Општина Куманово на ООУ „Магдалена Антова“ Куманово;

52. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2026 година;

53. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2026 година;

54. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2026 година;

55. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;

56. Предлог –Одлука за обезбедени (Резервирани) средства за експропријација

57. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2026 година за ангажирање на 10 (десет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;

58. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Водовод“ – Куманово;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица од Арбанашко натепале мештани на Буковљане

59. Предлог – Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати, за избор на членови на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Водовод“ – Куманово;

60. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

61. Предлог – Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати, за избор на членови на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

62. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Пазариште“ – Куманово;

63. Предлог – Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати, за избор на членови на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Пазариште“ – Куманово;

64. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;

65. Предлог – Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати, за избор на членови на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;

66. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово-гас“ – Куманово;

67. Предлог – Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати, за избор на членови на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово

68. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;

69. Предлог – Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати, за избор на членови на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;

70. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Пазаришта” – Куманово;

71. Предлог – Решение за разрешување на член на Органот за надзор на ЈОУ – Детска градинка „Ангел Шајче” Куманово.

72. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишен одбор на ООУ „11 Октомври“ – Куманово;

73. Предлог – Решение за именување на претставник на Општина Куманово за член на Училишниот одбор на ООУ „Вера Которка“ с.Клечовце – Куманово;

74. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2026 година.

Никола Ивановски