Прогноза за Куманово: Што ни носи последниот викенд годинава?

Сподели со своите пријатели

Времето низ Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 5 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вечерва стенд-ап со Жарко Јовановиќ во Куманово

На моменти ветерот утре ќе надминува брзина и од 40 километри на час.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу -2 степени, додека дневниот максимум ќе достигне 3 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од север кој на моменти ќе надминува брзина над 50 километри на час.

Минималната температура ќе се спушти до три степени под нулата, а максималната дневна ќе се искачи до 4 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и до крајот на годината, но со пад на утринските температури.

Никола Ивановски