Со над 2 промили удрл во возило во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишник од Куманово вчера со својот автомобил удрил во товарно возило во центарот на градот.

Полицијата во меѓувреме констатирала дека бил пијан.

– На 24.12.2025 во 15:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(37) од с.Клечовце, кумановско. Претходно, тој на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, со патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) од Скопје, со живеалиште во с.Љубодраг, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по преземени мерки е констатирано дека Д.М. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,08 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица од Арбанашко натепале мештани на Буковљане

– По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски