Спречен шверц на оружје од Турција во Македонија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен е нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија.

 

 

– На 24.12.2025, со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Како што додаваат од МВР, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево” извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во товарниот простор се пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исламска држава планирала напади низ Турција за празниците – уапсени 115 лица

 

 

– По целосно документирање  на случајот и утврдување на сите инволвирани лица во случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението.

 

 

 

 

Никола Ивановски