Најмалку шест лица, меѓу кои и двегодишно дете, загинаа во падот на мал авион на мексиканската морнарица кој бил на медицински лет во близина на Галвстон, Тексас, соопштија денеска официјални лица.
Авионот се урнал во понеделникот околу 15 часот и 17 минути по локално време, пренесува CBS.
Покрај детето, загинал и неговиот лекар и четворица припадници на мексиканската морнарица.
Во авионот имало вкупно осум лица – четворица поморски офицери и четворица цивили, соопшти мексиканската морнарица.
Американската крајбрежна стража претходно соопшти дека две лица се пренесени во болница, без информации за нивната состојба.
Едно лице кое било пријавено за исчезнато било пронајдено мртво.
Beech King Air 350i, турбопроп со два мотори, учествуваше во медицинската мисија во координација со The Michou and Mau Foundation, непрофитна организација која обезбедува итен транспорт на децата со тешки изгореници до болницата за деца Shriners во Галвстон.
Според податоците за следење на летот, авионот полетал од меѓународниот аеродром Мерида во Мексико, го прелетал Мексиканскиот залив и се свртел кон аеродромот Галвестон пред да исчезне од радарот над заливот Галвестон.
Сведокот на несреќата, професионалниот капетан на јахта Скај Декер, изјави дека со чамец отишол на местото на несреќата и од водата ја извлекол тешко повредената медицинска сестра, Миријам Манчила, која останала заробена во урнатините, како и маж кој бил мртов. Тој изјави дека и двајцата биле во цивилна облека.
Причината за несреќата е под истрага.
Националната метеоролошка служба соопшти дека во понеделникот попладне е забележана густа магла во областа.

