Три лица од кумановското село Черкези биле приведени ноќва поради меѓусебна физичка пресметка.
– На 23.12.2025 во 03:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Д.С.(40), Т.М.(49), двајцата од Куманово и З.М.(55) од с.Черкези, кумановско, затоа што физички се пресметувале во домот на Т.М., информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски

