МКК Куманово утре го пречекува КК Ангели во 1/8 финале од Купот

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен играат против КК Ангели во рамки на осмина финалето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Кумановци требаше да се пласираат директно во четвртфиналето со победата над Работнички, но во меѓувреме Кожуф изненади со победа над Пелистер, па избраниците на Марин Докузовски ќе мора да играат осминафинале.

Мечот се игра утре во Спортската сала Куманово со почеток во 19 часот и е последен за оваа календарска година.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најдобрите пожарникар, полицаец и инспектор во Куманово за 2025 година (ВИДЕО)