Повеќе делови од Куманово денеска привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 08:00 до 14:00 часот прекини ќе има на улиците „Никшичка“ и „Титова Митровачка“, основното училиште „Кочо Рацин“ и населбата Бабин Дол.
Во период од 08:05 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат училиштето „Магдалена Антова“, улиците „Живко Чало“, „Никола Карев“ и „Моша Пијаде“.
Прекини во период од 09:30 до 13:30 часот ќе има во селото Костурник, како и дел од индустриската зона во село Речица и локалитетот „Жмара“.
Нема објаснување на што се должат најавените прекини.
Никола Ивановски

