Кумановец со остар предмет се заканувал на својот сосед

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишник од кумановско викендов пријавил дека добил закани со остар предмет од неговиот сосед.

– На 20.12.2025 година во 15.00 часот во СВР Куманово Д.Ј. (37) од Ново село, пријавил дека неговиот сосед М.С. му се заканувал со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Еве кога може да очекуваме дожд!