Две куќи викендов биле опожарени во кумановско, информираат денеска надлежните институции.
Во првиот случај, пожар настанал во куќа кај локалитетот Краста.
– На 20.12.2025 година во 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека во м.в. “Краста” кумановско настанал пожар во куќа. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во гаснењето на пожарот учествувале деветмина пожарникари со четири противпожарни возила, а како што појаснуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, опожарен бил кровот.
Вчера пак, пожар избувнал и на куќа лоцирана на Пчински пат. Како што појаснуваат од РЦУК, опожарен бил кровот на објектот.
Во интервенцијата учествувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Никола Ивановски

