ЖРК Куманово го пречекува составот на Чаир

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре со почеток во 16 часот го пречекуваат составот на Чаир во последното коло од оваа календарска година.

Ќе биде тоа интересен дуел, со оглед дека Чаир сезонава има доста квалитетна екипа, но избраничките на тренерот Славиша Димитријевски, пак ќе ја имаат предноста на домашниот терен.

Кумановки засега се на 5. позиција во табелата со четири победи и еден нерешен резултат, додека Чаир има значително подобар скор и е на третата позиција со 10 победи од почетокот на сезоната.

Утрешниот натпревар се игра во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а влезот е слободен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово утре го пречекува Работнички во последното коло годинава

Никола Ивановски