Со бројни музички и културни настани, од утре започнува предновогодишната програма во градот Куманово, каде акцентот е ставен на најмладите.
Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, деновиве на плоштадот ќе биде монтирана и бина.
– Ќе имаме една убава новогодишна програма којашто ќе биде исполнета со голем број на културни настани од домашни интерпретатори тргнувајќи од наши кумановчанки и кумановчани и секако ја очекуваме и Антониа Гиговска. Тука ќе се случат и традиционално сите оние настани почнувајќи значи од нашите најмлади со нивно присуство, присуство на дедо мраз, Дедо мраз на мотор и сите оние традиционални активности коишто секоја година во пресрет на новата година ги организираме како општина, рече Димитриевски.
Официјално програма почнува утре со „И повторно евергрини“ – Новогодишен концерт кој од 19 часот ќе се одржи во Занаетчискиот дом.
Веќе во понеделник на истата локација и во исто време ќе се одржи концерт „Танцот и музиката во Новогодишната ноќ“, додека следниот ден, на 23 декември од 18 часот ќе се одржи концертот „хронологија на џез музиката во танцот“.
Во вторник со почеток од 19 и од 20:30 часот во СОУ „Перо Наков“ ќе биде изведена новогодишна танцова претстава за деца и млади „Желбите на Дедо Мраз“.
Следниот ден, на 24ти декември ќе се одигра детската претстава „Обриот и лошиот Дедо Мраз“ во Занаетчискиот дом од 13 часот.
Во четврток свој концерт ќе одржат учениците од музичкото училиште „Панче Пешев“ исто така во Занаетчискиот дом, од 19 часот.
Во петок на 26ти декември со свое стенд ап шоу ќе настапи актерот Жарко Јвоановиќ. Почетокот е од 19:30 во Занаетчискиот дом.
Последниот викенд од годинава, во сабота на градскиот плоштад од 12 часот ќе се одржи дружба со маскоти и Дедо Мраз.
Истиот ден од 17 часот на плоштадот започнува голема новогодишна забава со настап на Диџеј Томи, Мираж, Едно дете, Аиман, La Mqrio и Лука Чомбе.
Програмата продолжува и во недела, на 28ми декември со настапи на Мартинијан Кириловски, Пеперминт и Антониа Гиговска. Почетокот на настаните е од 18 часот.
Со Драмско читање на „Приказна за џунглата“ во просториите на ден тим „Fusion“ во понеделник од 20 часот завршува програмата.
Никола Ивановски

