Педесет и шестгодишен кумановец вчера пријавил дека бил нападнат и ограбен во центарот на градот.
– На 16.12.2025 година во 18.00 часот во СВР Куманово Н.М. (56) од Куманово пријавил дека на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово бил физички нападнат од едно лице и му биле одземени пари и мобилен телефон, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

