Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово , ќе ја организира втората Меѓународна Изложба на Уметничка Фотографија МОТУС 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.
Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово и ќе трае до 17.01.2026.
Интегрално соопштение

