ЖРК Куманово триумфираше над Спартак (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вчеравечер на домашен терен го совладаа составот на ЖРК Спартак со резултат 39:31.

 

 

Избраничките на тренерот Славиша Димитријевски уште од самиот старт направија значителна предност, па за пет минути играа реализираа три голови.

 

 

На полувреме кумановки имаа веќе значителна предност со резултат 18:13.

 

 

Вториот дел од средбата домашниот составо продолжи да доминира во играта, за да на крај рутински слави со конечни 39:31.

 

 

Со 11 погодоци најефикасна во составот на ЖРК Куманово беше Мариана Силва Азеведо, шест гола реализираше Нена Несторовска, а еден помалку и Аманда Стеин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турски државјанин приведен на Табановце, бил баран од Интерпол

 

 

Во гостинскиот состав со 10 реализирани погодоци најефикасна беше Зорица Андовска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски