ЖРК Куманово утре го пречекува ЖРК Спартак

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре со почеток од 18:00 часот на домашен терен ќе го пречекаат составот на ЖРК Спартак во рамките на Женската Супер лига на Македонија.

Со оглед дека Спартак досега нема реализирано ниту една победа од почетокот на сезоната и се наоѓа на самото дно од табелата, кумановки во мечот влегуваат како фаворити, а ќе ја користат и предноста на домашнот терен.

Избраничките на тренерот Славиша Димитријевски моментално се на 5. позиција во табелата.

Мечот се игра во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а влезот е слободен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брендирана стока и рачен алат запленети на автопатот Табановце – Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски