Пијани возачи приведени викендов во Куманово, двајца учествувале во сообраќајки

Сподели со своите пријатели

Петмина возачи биле приведени викендов во Куманово поради возење под поголемо дејство на алкохол, а двајца од возачите учествувале и во сообраќајки.

Триесет и тригодишник бил приведен на магистралата Куманово – Крива паланка со 1,67 промили алкохол.

– На 05.12.2025 во 18:00 часот, на магистрален пат во с. Војник, Општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.К.(33) од Старо Нагоричане. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,67 промили алкохол во крвта, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во вториот случај бил приведен 27-годишник од Куманово кој пијан учествувал и во сообраќајна незгода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворен конкурсот за осмото издание на фестивалот на краток филм ФИЛМАЈ 2026

– На 05.12.2025 во 21:00 часот, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Д. (27) од Куманово. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал И.Д. со патничко возило „туран“ со кумановски регистарски ознаки, било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта, велат од МВР.

Приведен бил и жител на Скопје, кој под дејство на 2,55 промили алкохол исто така учествувал во сообраќајка во Куманово.

– На 06.12.2025 во 00:45 часот, на улица „11 Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.. (49) од Скопје. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал И.Ц. со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,55 промили алкохол во крвта, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На автопатот Табановце – Куманово запленети 237 парчиња разновиден алат (ФОТО)

Во четвртиот случај полицијата го привела пијаниот возач, но и неговиот совозач кој агресивно се однесувал кон полициските службеници.

– На 07.12.2025 во 03:00 часот, на булевар “Октомвриска револуција” во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.С.(43) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. Исто така полициските службеници го привеле и сопатникот Г.М.(44), затоа што агресивно се однесувал кон нив, велат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Релативно топло денски, кочан ладно наутро

Во последниот случај бил приведен 29-годишник од Куманово кој возел со 1,64 промили алкохол.

– На 07.12.2025 во 02:12 часот, на булевар  „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода И.Ј ( 29) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле  патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека таа е под дејство на алкохол, односно и биле измерени 1,64 промили алкохол во крвта, стои во соопштението.

Како што додаваат од Министерството за внатрешни работи, по целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Никола Ивановски