Товарно возило вчера се запалило во движење на магистралниот пат Куманово – Свети Николе, кај селото Скачковце.
– На 04.12.2025 во 11:37 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионален пат во атар на село Скачковце, кумановско, настанал пожар во товарно моторно возило „фургон“ во движење, управувано од Б.В. од општина Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во гаснењето на огнот учествувале петмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, со едно возило, во период од 11:25 до 13:10 часот.
Екипа од СВР Куманово извршила увид.
Никола Ивановски

