Ракометарките на Куманово утре ќе ги одмерат силите со РК Бутел во рамки на 15.коло во машката ракометна Супер Лига.
Бутел влегува со нешто поголема предност во натпреварот, не само поради домашниот терен, туку и поради фактот што од почетокот на сезонава има 6 победи и еден нерешен натпревар позиционирајќи се на 7. позиција во табелата, наспроти тимот на Куманово кој бележи само два добиени меча и моментално е на претпоследно место.
Утрешниот дуел ќе се одигра во Спортската Сала „Антон Димитров” во Скопје со почеток во 18 часот.
Никола Ивановски

