Членовите на Европскиот парламент ја изразија својата отвореност за воведување регулативи со кои ќе се ограничи продажбата и потрошувачката на енергетски пијалоци кај малолетните лица, поради загриженоста за здравјето на децата и адолесцентите.
Пратеничката Тили Мец за време на расправата на Комисијата за безбедност на храната и Комисијата за животна средина (ENVI) истакна дека отсуството на ограничувања во многу земји членки значи дека децата се слободно изложени на овие производи, а само предупредувачките етикети не се доволни поради маркетинг преку социјалните мрежи, инфлуенсерите и спортските настани, пишува Еуроактив.
Регулативите во Европа се нерамномерни: Франција, Данска, Германија, Летонија, Литванија, Шведска, Полска, Романија и Унгарија веќе спроведуваат старосни ограничувања, додека Чешка и Португалија планираат слични мерки.
Минималната возраст за купување варира помеѓу земјите, се вели во него.
Експертите предупредија дека малолетниците често консумираат значително поголеми количини на кофеин од препорачаните.
Некои тинејџери во Германија пијат еквивалент на 35 еспреса плус еден килограм шеќер месечно.
Европската комисија изјави дека поединечните дози на кофеин до 200 милиграми и дневните дози до 400 милиграми се безбедни за возрасните, додека не постојат научно потврдени граници за деца и адолесценти.
Правото на ЕУ веќе бара предупредувачки етикети и им дозволува на земјите-членки да ја регулираат продажбата и рекламирањето на енергетските пијалоци, вклучително и старосните ограничувања за под 18 години, под услов тоа да е научно оправдано.

