Делегација на ОН во посета на Сирија

Сподели со своите пријатели

Делегација на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН пристигна во Сирија, каде што се очекува да се сретнат со сириски претставници и претставници на граѓанското општество.

Набргу по пристигнувањето во Дамаск, членовите на делегацијата ја посетија населбата Џобар, која претрпе масовно уништување за време на бомбардирањето во претходните конфликти, пренесе агенцијата Сана.

Подоцна во текот на денот, делегацијата посети и неколку историски места во Стариот Дамаск, вклучувајќи го и хотелот Беит ал-Вали во Баб Тума и џамијата Омајад.

Делегацијата беше придружувана од постојаниот претставник на Сирија во ОН Ибрахим Олаби и заменик-специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Најат Рочди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија забрани социјални мрежи за тинејџери, Мета почна да блокира профили

Тоа е прва посета на таа Сирија и само неколку дена пред првата годишнина од соборувањето на долгогодишниот владетел Башар ал Асад.

Се очекува дипломатите да се сретнат со новите сириски власти, вклучително и со претседателот Ахмед ал Шара, и да го посетат соседен Либан во петок и сабота, пренесува Танјуг.