Неделна прогноза за Куманово: Комбинација од сонце и дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време, но со мало замаглување.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозпаден ветер.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско повторно ќе имаме сончево време со замаглување. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 2 до максимални 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџери претепани во центарот на Куманово

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 5 степени, а дневниот максимум ќе достигне 9 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме облачно време, но без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 10 степени целзиусови.

 

 

Во петок повторно ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 12 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вандали ноќва ја искршиле фонатаната во Соколански парк (ФОТО)

Облачно време, но без врнежи ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 4 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 11 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 10 степени целзиусови. Ноќта кон понеделник повторно ќе има врнежи од дожд.

 

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски