Жител на липковско, со тврд предмет го нападнал својот брат

Сподели со своите пријатели

Педесет и осумгодишник од липковско бил приведен вчера по пријава дека со тврд предмет го нападнал неговиот брат.

– На 27.11.2025 во 15:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.С.(58) од Куманово, затоа што истиот ден, во село во Општина Липково, со тврд предмет го нападнал неговиот брат А.С.(65) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Ќе престане ли конечно дождот?