Песков: Москва сè уште не го добила ажурираниот американски план за Украина

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија сè уште не го добила ажурираниот американски план за решавање на конфликтот во Украина, кој е намален од 28 на 19 точки.

Песков нагласи дека претходно до Москва е доставен нацрт-верзија на американскиот план, кој во голема мера го следи духот на самитот во Анкориџ, но дека сега Русија чека официјално соопштение од Вашингтон пред планот сериозно да се разгледа, објави РИА Новости.

Тој ја опиша ситуацијата како „информативна баканалија“, наведувајќи дека има многу контрадикторни информации и изјави за американскиот мировен план.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Калас: Европа ќе бара Русија да ги намали вооружените сили

„Во овој момент е невозможно да се коментира секој медиумски извештај. Јас би ја опишал ситуацијата како информативна баканалија – нема друг начин да се опише. Всушност, се објавуваат многу контрадикторни информации, контрадикторни изјави и така натаму“, рече тој.

Според него, преговорите во Истанбул беа прекинати од Киев, а во моментов се водат разговори меѓу Украина и САД врз основа на планот на Трамп за Украина.

Песков оцени дека овој план може да претставува добра основа за преговори и истакна дека Русија е заинтересирана за постигнување на своите цели по дипломатски пат и останува отворена за преговори.

„Ние сме заинтересирани за постигнување на нашите цели преку политички и дипломатски средства. Во овој поглед, нашата позиција воопшто не се променила. Претседателот на нашата земја го потврди тоа неколку пати и ние доследно се држиме до таа позиција“, рече портпаролот на Кремљ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците погодија редок руски експериментален авион А-60 (ВИДЕО)

Тој, исто така, изјави дека дискусијата за „безбедносната архитектура без европски учесници е невозможна“, но дека нивното присуство ќе биде неопходно во одреден момент.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека американскиот план може да биде основа за конечно мирно решение, но дека неговата содржина во моментов не се дискутира со Русија поради недостаток на согласност од Киев и европските сојузници, кои, според него, сè уште се стремат кон „стратешки пораз“ на Русија на бојното поле, пренесува Танјуг.