Во Франција пристигна бран студен воздух, кој особено го погоди регионот Ил де Франс во централна Франција, каде што е прогласено портокалово ниво на тревога во сите осум департмани поради очекуваниот снег и мраз, додека во остатокот од земјата е активирано жолто временско тревога, објавија француските медиуми.
Портокаловата временска тревога, која се однесува на целиот регион Ил де Франс – Париз, Сена и Марна, Ивлин, Есон, О де Сена, Сена Сен Дени, Вал де Марна и Вал д’Оаз, стапува на сила во 20 часот, објавува порталот BFMTV.
На запад од регионот Ил де Франс се очекуваат врнежи од снег и дебелина на снежната покривка од пет до седум сантиметри, а на исток снежна покривка од два до пет сантиметри.
Во Париз и најблиските предградија се очекуваат еден до два сантиметри снег, според веб-страницата на Метео Франс.

