Се запалил семеен стан на „Октомвриска револуција“

Сподели со своите пријатели

Семеен стан лоциран на булеварот „Октомвриска револуција“ вчера бил опожарен откако во него избувнал пожар, од засега непознати причини, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Дежурната единица на Територијалната противпожарна единица Куманово дојавата ја примила во 23:05 часот при што веднаш била испратен екипа од пет пожарникари и едно противпожарно возило да се справат со пламените јазици.

Борбата со огнот траела до 00:30 часот кога пожарот конечно бил локализиран од страна на кумановските пожарникари.

Причината поради која настанал огнот, но и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.