Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека заемот за репарации врз основа на имобилизирани руски средства е најефикасниот начин за финансирање на финансиските потреби на Украина.
Зборувајќи во Европскиот парламент, Фон дер Лајен изјави дека земјите-членки на ЕУ имаат три опции: користење на „слободен простор“ во буџетот на ЕУ за собирање капитал, договор за директно собирање средства меѓу земјите-членки или заем за Украина што би се вратил во случај Русија да плати репарации, објави Ројтерс.
„Третата опција е заем за репарации врз основа на имобилизирани руски средства. Ние даваме заем на Украина – кој Украина ќе го врати ако Русија плати репарации. Ова е најефикасниот начин за одржување на одбраната на Украина и нејзината економија“, рече таа.

