Четири повозрасни жени во Куманово биле мета на измамниците со лажни сообраќајни несреќи, но за среќа ниту една од нив не наседнала.
– На 10.11.2025 во СВР Куманово биле пријавени четири обиди за измами. Според пријавеното на четири повозрасни жени едно лице им се јавило на телефон и им кажало дека членови од нивното семејство биле прегазени во сообраќајна несреќа и ќе биде потребна одредена сума на пари за операција, но тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Од кумановската полиција апелираат до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.
Никола Ивановски

