Кумановец со повреди на телото пронајден на булевар, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец бил пронајден на булевар со повреди по телото, бил приведен, а нападот не сакал да го пријави.

– На 09.11.2025 во 13:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Т.(38) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Претходно, како што додаваат од полицијата, на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници го затекнале со повреди на телото и по негово кажување бил физички нападнат од повеќе лица, но не сакал да го пријави настанот.

Притоа, како што додаваат од СВР Куманово, кај него биле пронајдени остри предмети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја утре поголем дел од Куманово

– Ф.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

Никола Ивановски