Дваесет и осумгодишник бил приведен пред Основен суд Куманово поради агресивно однесување и закани кон полициски службеници.
– На 07.11.2025 година полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Џ.И.(28) од Виница, затоа што пред Основен суд Куманово аресивно се однесувал и се заканувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

