Без струја утре поголем дел од Куманово

Сподели со своите пријатели

Поголем дел од Куманово утре ќе остане привремено без електрична енергија поради планирани дефекти од ЕВН Македонија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, планирани прекини ќе има и денеска, но само на две локации.

Во период од 08:30 до 14:30 часот денеска прекини ќе има на улицата „Никола Тесла“, односно до компанијата „Златен клас“.

Од 09:30 до 13:00 часот денеска без струја ќе останат жителите на селото Јачинце, поточно Долно Јачинце.

Поголемиот дел од прекините се најавени за во текот на утрешниот ден.

Така во период од 08:00 до 15:00 часот утре без напојување со електрична енергија ќе бидат: Сите простории на „Југ турист“ на улица „Индустриска“, населбата Железничка Станица, локалитет „Југо суровина“, Бензинска пумпа „Твинс петрол“, Силоси на улицата „Индустриска“, како и „Здружение на возачи“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Самоубиството не е решение: Психологот Милевска апелира на поголема грижа за менталното здравје (ВИДЕО)

Без струја целосно ќе бидат селата Ново Село, Ропаљце, Черкези, Љубодраг и Умин Дол во период од 08:00 до 15:00 часот.

Во период од 08:30 до 11:00 часот прекини ќе има кај млин „Близнак, дел од селото Чекрези што е под пругата,  „Шмеки јуниор“, „Минер“.

Од 09:00 до 12:00 часот прекини ќе има во селото Градиште.

Без струја во период од 08:30 до 15:00 часот ќе бидат СОУ „Киро Бурназ“, дел од улицата „Никола Тесла“ од исклучувањето за село Речица до исклучувањето за бензинска пумпа „Детоил“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, за кои не е наведена причината, но веројатно поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Уште денес дожд, а потоа постудени утра

Никола Ивановски