Малопродажбата во еврозоната е во опаѓање три месеци по ред

Сподели со своите пријатели

Според првата прелиминарна проценка, сезонски прилагодениот обем на малопродажба во еврозоната се намалил за 0,1 процент во септември во споредба со август, што претставува трет последователен месечен пад, објави денес Евростат.

Гледано по категории, септемврискиот промет со храна, пијалоци и тутун во Еврозоната стагнирал на месечна основа, додека продажбата на автомобилско гориво во специјализирани продавници се намалила за еден процент, а малопродажбата на непрехранбени производи (освен гориво) за 0,2 проценти.

Меѓу најголемите економии на Еврозоната, малопродажбата се зголемила за 0,4 проценти во Шпанија и за 0,2 проценти во Германија, додека намалување од 0,6 проценти е регистрирано во Италија, како и во Холандија за 0,4 проценти и Франција за 0,1 процент.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку пет лица загинаа во тајфун во Виетнам, бројот на жртви на Филипините е близу 200

На годишно ниво, малопродажбата во еврозоната се зголеми за еден процент, откако продажбата на храна, пијалоци и тутун се зголеми за еден процент, малопродажбата на непрехранбени производи (без гориво) за 1,4 проценти, а продажбата на автомобилско гориво во специјализирани продавници се намали за 0,7 проценти.

Меѓу земјите-членки на Европската унија за кои се достапни податоци, најголем годишен пораст на вкупниот обем на малопродажба е забележан во Кипар 8,5 проценти, Малта 6,6 проценти и Бугарија 5,7 проценти.

Спротивно на тоа, годишен пад на малопродажбата е забележан во Италија за 2,3 проценти, Романија за 2,1 процент, Белгија за 0,8 проценти и Австрија за 0,1 процент, според веб-страницата на Евростат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стотици летови до САД ќе бидат откажани денес поради затворањето на владата