Две лица од Скопје добија кривични пријави под сомнение дека во мај годинава, предизвикале пожар на „ауди“ во Куманово.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) и Л.Р.(51), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, на 19.05.2025 во Куманово, пријавените предизвикале пожар на патничко возило „ауди“, сопственост на Е.Е..
Никола Ивановски

