УХМР најавува серија дождливи денови

Сподели со своите пријатели

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник (10.11.) следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m 2 ).

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник физички нападнат во Куманово

Никола Ивановски