Димитриевски: Ќе воведеме бесплатна паркинг зона во МЗ Панче Пешев и БС Гојчо за резидентите

Сподели со своите пријатели

Дождот не ги спречи граѓаните да присуствуваат во голем број на локалниот граѓански собир кој се одржа на бул. Октомвриска Револуција во Куманово кај поранешен MyMarket, при што сите заедно упатија силна порака: Во недела на избори повторно ќе победат граѓаните на Куманово, а градоначалник ќе биде Максим Димитриевски, бидејќи Куманово заслужува дела, визија и континуитет во развојот на градот!

На собирот Димитриевски ги информираше граѓаните дека во месната зедница Панче Пешев и БС Гојчо ќе биде воведена втора зона за паркирање која ќе биде во целост бесплатна за паркирање за сите резиденти во тие месни заедници. Воедно ќе се обезбедат повеќе паркинг места и истите ќе бидат уредно обележани и уредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Од дожд до сонце и 20 степени

Тој упати порака до граѓаните дека на локалитет Табакана ќе бидат тргнати сите времени објекти, и тука нема да се гради зграда како што некој предвидел претходно во урбанистичкиот план. Тука ќе се гради детско катче, нов паркинг простор и дополнителни зелени површини.

 

 

Димитриевски ги отфрли шпекулациите дека на локалитет во близина на “СкараКајЖмара” ќе се гради нова зграда, и информираше дека тоа нема да го дозволи, туку и на таа локација ќе биде изграден спортско рекреативен комплекс со детско катче.

По однос на локацијата кај комплексот згради К4 на бул. Октомвриска Револуција, Димитриевски ги повтори своите ставови дека тука нема да се дозволи изградба на нови згради, и нема да се пробива нова улица, туку ќе се работи на проширување и уредување на паркинг просторот и дополнително целосна реконструкција на детското катче, со нова урбана опрема и други содржини за спорт и рекреација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фудбалери на Беса од Слупчане претепале играчи на ФК Аеродром (ВИДЕО)

Димитриевски ги информираше граѓаните кои живеат по должина на бул. Октомвриска Револуција дека пристапот околу зградите ќе биде партерно уреден и поплочен секаде каде што за тоа постои можност со цел да се уреди и обнови овој дел каде што гравитираат голем број на граѓани.

Продолжувањето на иницијативите на Димитриевски  за заштита на централниот дел на градот од непланско и интензивно градење на згради, беа одлично прифатени од сите граѓани.

Интегрално соопштение