МРК Куманово со пораз од Охрид

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово претрпеа пораз од тимот на ГРК Охрид на вчерашното гостување во рамки на 9. коло од домашната Супер лига.

Домаќинот беше подобар уште од самиот старт. Со предноста од 12 поени во првиот дел од средбата (18:6), второто полувреме го користеа само за зголемување на предноста, додека кумановци мака мачеа да пружат отпор.

Мечот заврши со двоцифрена предност за Охрид, односно резултат 37:17.

Во тимот на МРК Куманово најефикасен со шест реализирани погодоци беше Цековски, додека со по седум во тимот на Охрид најпрецизни беа Ѓукиќ и Лиепис.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На булевар во Куманово, скопјанка „летала“ со 100 километри на час

Следува пауза поради ЕХФ неделата, по што кумановци ќе го пречекаат тимот на РК Тиквеш.

Никола Ивановски