Димитриевски ќе добие поддршка од ВЛЕН во вториот круг

Сподели со своите пријатели

Коалицијата ВЛЕН ќе го поддржи Максим Димитриевски како кандидат на градоначалник на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово.

Ова денеска го соопшти Димитриевски, по одржаната средба со Изет Меџити кој е нов градоначалник на Чаир, како и секретарот на партијата Алтернатива и праникот на ЗНАМ Даниел Стојчевски.

– Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово..

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово одбележан Денот на македонската револуционерна борба (ФОТО)

Тој им се заблагодари на како што вели „сите кои ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија“.

Никола Ивановски