Политико: Лидерите на ЕУ сакаат да присуствуваат на состанокот меѓу Путин и Трамп

Сподели со своите пријатели

Одредени лидери на земјите од ЕУ лобираат за нивно учество на претстојниот состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, пишува Политико, повикувајќи се на добро информирани извори од Брисел.

Според извештаите, европските лидери ќе побараат присуство на Володимир Зеленски на овој состанок, како и на сите можни последователни преговори.

Дополнително, неименуваниот извор нагласи дека земјите од ЕУ не сакаат Украина да отстапи територија на Русија, како што претходно бараше Белата куќа.

Според изворот на Политико, таков потег би предизвикал паника во Естонија, Латвија и Литванија, што би резултирало со „масовно вооружување“ во многу европски земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Средбата меѓу Путин и Трамп е загрозена: Протекоа детали!