Приведен кумановец кој физички го нападнал својот брат

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека физички го нападнал својот брат.

– На 19.10.2025 во 18:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа М.П.(38) од село Биљановце затоа што физички го нападнал неговиот брат, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПРЕСЕК 18:30: Колку кумановци го остварија правото на глас?