Заклучно 9 часот во Општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 2,54% од гласачите, односно 1.584 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
Податоците за базираат на обработени 66,23 отсто од обработените гласови.
Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94.041 лице.
Никола Ивановски