Комбе изгоре во пожар во Никуљане

Сподели со своите пријатели

Комбе сопственост на седумдесет и тригодишен жител на Куманово вчера било опожарено во двор во селото Никуљане.

– На 16.10.2025 во 13:34 часот во СВР Куманово е пријавено дека во 12:30 часот во двор сопственост на И.Р. во с.Никуљане, општина Старо Нагоричане, настанал пожар во кој е опожарено патничко возило – комби „даеву“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.К.(73) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Пожарот, како што додаваат, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Навреме отворени сите избирачки места во Куманово, Старо Нагоричане и Липково