Вкупно 19 болни и немоќни лица во Старо Нагоричане утре ќе имаат право на глас на осмите локални избори во независна Македонија.
Како што информираше Марјан Даиловски, претседател на Општинска изборна комисија во Старо Нагоричане, пријавени биле 22 лица за гласање во домашни услови, а прифатени се 19 од нив.
Вкупно 3.011 лица во Старо Нагоричане ќе имаат право на глас на претстојните локални избори.
Во општина Липково, според претседателката на ОИК Липково пријавени биле 406 болни и немоќни, отфрлени биле две барања и ден пред избори ќе гласаат 404 болни и немоќни.
Право на глас во Липково имаат 26.362 гласачи.
Никола Ивановски